За прв пат БАС организира МЕНАЏЕРСКА ОЛИМПИЈАДА.
Покажи ги твоите менаџерски вештини низ серија на бизнис предизвици и убеди нѐ дека ТИ си идеалниот кандидат да освоиш стипендија за студирање на БАС.
Во моментов течат финалните интервјуа за натпреварувачите на олимпијадата!
По завршувањето, сите натпреварувачи ќе добијат e-mail порака за освоено место и награда!
Првиот предизвик е поврзан со првиот впечаток што ќе го оставиш кај нас, а добро знаеш дека нема втора шанса за прв впечаток. Затоа, почни уште веднаш да го средуваш твоето CV и биди подготвен/а да се претставиш пред жири-комисијата.
Една од најчестите активности која ја прават менаџерите на дневно ниво е решавање на проблеми. Затоа, во овој предизвик ти или тимот ќе треба да понудите решение на проблем што го имаме. Ќе ти биде испратен проблем за кој ќе треба да понудиш реално и детално образложено решение.
Од маркетингот нема бегање без разлика во каква компанија си менаџер. Следењето на пазарот, анализата на потенцијалнте купувачи и осмислување начини како да го приближи производот/услугата до потрошувачите е една од клучните активности за секој менаџер. Во овој предизвик твоја задача ќе биде да осмислиш комплетна маркетиншка кампања за производ/услуга.
Во БАС добиваш отворена комуникација и пријателски пристап од професорите.
Покрај поддршка за време на студирањето, во БАС ќе добиеш и голема поддршка и при процесот на вработување по дипломирањето!
Наставата се одвива во мали групи каде професорот максимално ќе ти посвети внимание и ќе го следи твојот напредок
Можност преку Еразмус+ да следиш настава во странство.
Дипломата од БАС е признаена во голем број држави ширум светот, како Германија, Шведска, Америка, Австралија и слично.
Уште од првиот ден во БАС ќе почнеш да посетуваш пракса во реална компанија во рамки на наставата!
Скопје: Јане Сандански 111/2 Битола: Херцег Нови 6
02/ 2455 754 Скопје
047/ 225 218 Битола
olimpijada@bas.edu.mk