Информации за натпреварот

Кој може да учествува?

Ако си на возраст  од 17 до 23 години, и сакаш да студираш бизнис менаџмент или пак имаш талент за бизнис,тогаш си идеален учесник за МЕНАЏЕРСКАТА ОЛИМПИЈАДА.

Како се одвива натпреварот?

Натпреварот ќе биде составен од три предизвици/задачи кои ќе треба да ги сработиш сам/а или во тим. Секој од предизвиците ќе ти биде испратен на мејл и затоа многу е важно при пријавувањето да оставиш точен мејл и секако, да го проверуваш често 😊 (П.С. не го заборавај и spam сандачето). За полесно да се справиш ти или твојот тим со предизвиците, ќе имаш помош од ментор, професор од БАС, кој ќе ви дава насоки како подобро да го сработиш предизвикот.

Како да се пријавам?

Пријавата е на сајтот! Погледни горе во десниот агол, или подолу на копчето ПРИЈАВИ СЕ. Искористи ја формата и остави ги своите детали.

Кој ќе победи?

Во овој натпревар секој пријавен е победник. Чудно звучи, нели? Сепак е вистинито. Секој пријавен ќе добие стипендија за студирање на БАС. Целта на овој натпревар е да се покажеш колку што можеш подобро и да освоиш што поголема стипендија. Секој натпревар ќе носи различен број на бодови кои ќе бидат наведени во самиот предизвик. На крај на трите предизвици треба да имаш што повеќе бодови за да освоиш што поголема стипендија.
Само индивидуално пријавен учесник може да освои 100% стипендија!

Резултати?

Резултатите од натпреварот ќе бидат испратени директно до учесниците на e-mail адресите со кои се пријавија за учество.

ОПИС НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ

ПРВ ПРЕДИЗВИК - „Претстави го менаџерот во себе!“
23-25 март испраќање / 26 март ZOOM средба!

Првиот предизвик е поврзан со првиот впечаток што ќе го оставиш кај нас, а добро знаеш дека нема втора шанса за прв впечаток. Затоа, почни уште веднаш да го средуваш твоето CV и биди подготвен/а да се претставиш пред жири-комисијата.

ВТОР ПРЕДИЗВИК - „Справи се со проблемов!“

Една од најчестите активности која ја прават менаџерите на дневно ниво е решавање на проблеми. Затоа, во овој предизвик ти или тимот ќе треба да понудите решение на проблем што го имаме. Ќе ти биде испратен проблем за кој ќе треба да понудиш реално и детално образложено решение.

ТРЕТ ПРЕДИЗВИК - „Маркетинг план!“

Од маркетингот нема бегање без разлика во каква компанија си менаџер. Следењето на пазарот, анализата на потенцијалните купувачи и осмислување начини како да го приближи производот/услугата до потрошувачите е една од клучните активности за секој менаџер. Во овој предизвик твоја задача ќе биде да осмислиш комплетна маркетиншка кампања за производ/услуга.