Предизвици

ОПИС НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ

Во наредните две недели, следи го внимателно твоето е-маил сандаче за да не ги пропуштиш трите предизвици кои те водат до стипендијата и другите вредни награди!

Датумите за трите предизвици се:

Прв предизвик: 23-25 март за подготовка и испраќање на првиот предизвик, а на 26 март ќе имаме виртуелна (zoom) средба со жири комисијата!

Втор предизвик: 27-30 март и

Трет предизвик: 31 март до 02 април!

ПРВ ПРЕДИЗВИК - „Претстави го менаџерот во себе!“
23-25 март испраќање / 26 март ZOOM средба!

Првиот предизвик е поврзан со првиот впечаток што ќе го оставиш кај нас, а добро знаеш дека нема втора шанса за прв впечаток. Затоа, почни уште веднаш да го средуваш твоето CV и биди подготвен/а да се претставиш пред жири-комисијата.

ВТОР ПРЕДИЗВИК - „Справи се со проблемов!“

Една од најчестите активности која ја прават менаџерите на дневно ниво е решавање на проблеми. Затоа, во овој предизвик ти или тимот ќе треба да понудите решение на проблем што го имаме. Ќе ти биде испратен проблем за кој ќе треба да понудиш реално и детално образложено решение.

ТРЕТ ПРЕДИЗВИК - „Маркетинг план!“

Од маркетингот нема бегање без разлика во каква компанија си менаџер. Следењето на пазарот, анализата на потенцијалните купувачи и осмислување начини како да го приближи производот/услугата до потрошувачите е една од клучните активности за секој менаџер. Во овој предизвик твоја задача ќе биде да осмислиш комплетна маркетиншка кампања за производ/услуга.