ПРЕДИЗВИК #2: Дилемата на менаџерот Столе!

Столе е долгогодишен менаџер на еден одбојкарски клуб од Скопје. Неговите успеси се познати ширум Балканот и токму поради таквите успеси, оваа година неговиот тим доби едно огромно и доста значајно спонзорство! Спонзорството предвидува парични средства кои треба да се искористат за тимот да помине две недели во Маврово во хотелот Бистра на „опуштање“ и тренинзи.

 

Меѓутоа, финансиите се доволни за само 10 играчи, а Столе во тимот има вкупно 14!

Столе мора да донесе одлука за кои 10 играчи ќе одат, а кои 4 не!

Тука доаѓаш ти на сцена! Какво решение ќе понудиш за овој проблем?
Твоето решение напиши го подолу во формата!